Инфлацијата повторно до плафон!
Инфлацијата во октомври повторно се искачи и на годишно ниво достигна 4,5 проценти, а цените на мало пораснаа за 2,8 проценти, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.
Граѓаните плаќаат најмногу за храна, чија цена за една година е зголемена за 7 проценти, додека алкохолот и тутунот поскапеле за 6,7 проценти, а мебелот и опремата за домаќинствата за 4,7 проценти. Најголем годишен раст има кај индустриските прехранбени производи – 7,5%, како и кај прехранбените производи воопшто – 6,7%. Земјоделските производи поскапеле за 4,3 проценти, а пијалаците за 1,4 проценти. Индексот на цените на мало месечно е зголемен за 1,3 проценти. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, пресметал дека порастот на инфлацијата е идентичен со растот на синдикалната кошничка, 4.500 денари повеќе им требаат на граѓаните за основни потреби.
Од опозицискиот СДСМ реагираат дека инфлацијата од 4,5 проценти е спротивна на, како што велат, владините уверувања дека таа ќе падне под 3 проценти. Од таму порачуваат дека растот на цените го намалува стандардот, платите стагнираат, а сметките растат и граѓаните имаат сè помалку пари.
„За само година и половина ДПМНЕ донесе економска стагнација, раст на инфлацијата и пад на животниот стандард.“
Критики за економските политики Владата доби и во последниот извештај на Европската комисија, каде се нотира забавен напредок и недоволно фискална консолидација.
Премиерот Христијан Мицкоски не се согласува со дел од забелешките и уверува дека годината ќе заврши со инфлација меѓу 3,5 и 4 проценти, додека Народната банка ја проектира на 3,9 проценти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Инфлацијата повторно до плафон!
Инфлацијата во октомври повторно се искачи и…
САД и Унгарија потпишуваат голем договор за…
Сијарто од Вашингтон изјави дека Унгарија во…
(Фото) Ексклузивно! Црвенковски фотографиран со министер во…
Екс премиерот и претседатл на Репбулика Македонија,…
Вчера уапсен за мито од 50.000 евра…
Вчера уапсен за мито од 50.000 евра…
Полицаец му помогнал на колега да ја…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…