Инфомакс постои поради Вас и за Вас, СРЕЌНА НОВА ГОДИНА!

t

Релевантноста, веродостојноста, кредибилитетот, интегритетот и брзата информација се новинарскиот грал кон кој се стреми секоја редакција.

Инфомакс во изминатава година го достигна токму тоа. Покажавме дека и во Македонија може да има слобода на говорот и слободна мисла. Бевме прогонувани, напаѓани, навредувани. Бевме прогласени за државни непријатели, добивме затворска казна.


Инфомакс во изминатава година беше клучен фактор во минатогодишните Локални избори. Успеавме да ви ја пренесеме реалната слика од терен за тоа како се злоупотребува празникот на демократијата – изборите. Имавме клучна улога и во соборувањето на владата на Зоран Заев.

Пресретнавме низа на обиди за прикривање на криминал, корупција и откривме низа на афери.

Бевме и први на терен кога државата гореше, а одговорните се сончаа на плажите во Грција.

За жал не успеавме навреме да алармираме за криминалот со монтажните ковид клиники. Не успеавме навремено да откриеме и дека во Македонија возат автобуси на смртта. За тоа, искрено жалиме и сочувствуваме со семејствата на трагично загинатите. Но нема да заборавиме и ќе продолжиме да бараме одговорност.

Минатата година Инфомакс беше аберџија и на убави вести. Сребрен медал од Олимпијада, Македонската репрезентација успеа да не израдува сите и на момент да не извади од секојдневната апатија.

Инфомакс минатата година урна уште еден сопствен рекорд. И минатата година, како и претходните бевме најчитан и највлијателен медиум. Преку 1.2 милиони од Вас сте не посетиле најмалку 10 пати, или преку 100 милиони посети.

На вашиот омилен информатор сте се задржале 3 минути и 19 секунди.

На нашиот ФБ видео канал Вие, нашите читатели, сте направиле преку 20 милиони прегледи.

За овие фантастични бројки, јас Александар Митовски главен и одговорен уредник, во името на целата редакција на Инфомакс Ви се заблагодарувам од срце.

Инфомакс постои поради Вас и за Вас.
Инфомакс е бастион на слободната мисла.
Инфомакс секогаш ќе биде на Ваша страна, на страна на вистината!

Се читаме и се гледаме во Новата 2022 година, во која ви посакувам многу здравје, среќа, љубов, успеси и слобода!

Да живее Македонија!

А.Митовски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Добро утро со Инфомакс: Што е подобро-…

Кафето е еден од најпопуларните пијалаци во…

Добро утро со Инфомакс: Шест видови храна…

Доколку не сте утринска личност, будењето рано…

Добро утро со Инфомакс: Пет најдобри утрински…

После водата, чајот е вториот најпродаван пијалак…

(Видео) Нацев: На Балканот не се очекува…

По денешната ескалација на Украинската криза, во…

(Видео) Интервју: Не можеме да ги нахраниме…

По денешната ескалација на Украинската криза, во…