Информацијата за почеток на Стратешкиот дијалог со САД пред Владата

Информацијата за почеток на Стратешкиот дијалог меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави, е една од точките што ќе ги разгледува Владата на денешната редовна 45. седница.
Како што информира владината прес-служба, на дневен ред е и Извештајот за завршени преговори за усогласување на Договорот за техничка соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Јапонија.
Пред Владата ќе биде и Информацијата за издавање Писмо без приговор (no objection letter) за вклучување на Република Македонија во предлог Програма за развој на енергетска ефикасност во згради преку Зелениот климатски фонд.
За заклучоците и одлуките од седницата, која е закажана за 12:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
БАЛКАНОТ СЛАВИ: Ѓоковиќ стана шампион на Австралија…
Новак Ѓоковиќ го совлада Гркот Стефанос Циципас…
Влада не можат да направат, ама циркус……
Новата бугарска декларација за Македонија која треба…
Претседателот на воениот комитет на НАТО: Алијансата…
Војна во Украина, 340 ден. Се водат…
МВР во акција: Серија апсења во Скопје
На 28.01.2023 во 18.40 часот на подрачјето…
Првиот блок од РЕК Битола повторно ставен…
Блок 1 на РЕК Битола од вчера…