Објавено на:

Иран: Маневрите во Персискиот Залив се предупредување за Израел

t

Воените вежби предводени од Иран оваа недела во Персискиот Залив беа со цел да се испрати предупредување до Израел, изјавија денеска највисоки ирански воени команданти.

Воените вежби на Револуционерната гарда, кои вклучуваа истрелување балистички и крстосувачки ракети, завршија денеска.


– Овие вежби имаа многу јасна порака, а тоа е сериозно предупредување за заканите на ционистичкиот режим да внимава на своите грешки, изјави началникот на Гардата, генерал Хосеин Салами за државната телевизија.

Началникот на Генералштабот на иранските вооружени сили, генерал-мајор Мохамед Багери истакна дека истовремено биле истрелани 16 балистички ракети од различни класи, кои уништиле однапред одредени цели.

Иран наведува дека неговите балистички ракети имаат дострел од 2.000 километри и се способни да стигнат до Израел и американските бази во регионот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Азија за прв пат ја надмина Европа…

Азија за прв пат ја надмина Европа…

Бројот расте: Во ужасот во Тексас загинаа…

Најмалку 19 деца загинаа при пукање во…

Истражување: Инфлацијата стана сè почеста грижа во…

Светската политичка и економска елита повторно се…

Најмалку тројца загинати при уривање на трговски…

Најмалку три лица загинаа, а повеќе од…

Почна продажбата на доларот, еврото ги дочека…

Еврото е во пораст денеска бидејќи инвеститорите…