Објавено на:

Иран со целосна поддршка за Палестина – ќе го ослободиме Ерусалим: Дали сме на работ на регионален конфликт?!

t

Советникот на иранскиот врховен водач Али Хосеини Хамнеи изјави дека Иран го поддржува нападот на Палестинците, објави новинска страница ИСНА.

„Им честитаме на палестинските борци“, го цитираше советникот Рахим Сафави. „Ќе бидеме покрај палестинските борци до ослободување на Палестина и Ерусалим.

Радикалната палестинска група Хамас со изненадувачка офанзива започна напад без преседан врз Израел. Се известува за 22 загинати и над 500 повредени Израелци. Во земјата е прогласена воена состојба.

Палестинските екстремисти од Појасот Газа денеска влегоа во јужниот и во централниот дел на Израел и истрелаа илјадници ракети кон земјата, откако екстремистичкиот Хамас, кој владее со Појасот Газа, најави почеток на нова воена операција. Бројот на жртви во изнанедувачкиот напад постојано се зголемија. Израелските итни служби потврдија дека досега загинале најмалку 22 лица.

Израелската војска, исто така, потврди дека земјата е во војна, како што изјави воениот портпарол Даниел Хагари.
„ИДФ (Израелските одбранбени сили) прогласија воена состојба. Ние сме во состојба на војна“, соопшти Хагари во живо и повтори дека биле истрелани повеќе од 2.000 ракети, дека „терористите се уфрлиле“ и оти некои сѐ уште се во Израел. Покрај тоа, тој порача дека Хамас „ќе се соочи со последиците и одговорноста“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Универзитетот за туризам и менаџмент ја “избриша”…

Вечерва Универзитетот за туризам и менаџмент ја…

ХРВАТСКА САКА ДА ГО СРУШИ ВУЧИЌ ЗАТОА…

Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, денеска…

ВИСАТ ВО ВОЗДУХ НОВИТЕ АРМИСКИ ХЕЛИКОПТЕРИ ОД…

Техничкиот аранжман за набавка на 8 армиски…

Двајца осудени за 27 април побарале помилување

Дел од обвинетите за организирањето на упадот…

Касами со албанско знаме го пречека таткото…

Градоначалникот на Тетово Билал Касами Денес во…