Исеини: Ковачевски молчи за навредите на Талат за да не ги навреди ДУИ па да оди на избори на кои ќе изгуби

t

Остри реакции од сите страни освен од Владата и другите надлежни институции. Три дена по скандалозните и безобразни испади на собранискиот спикер Талат Џафери, не стивнуваат критиките, ама најповиканите молчат.

Според политикологот и уредник во „Коха“, Џенур Исени примитивното однесување на Џафери се должи на неговата неспособност проблемите да ги решава на соодветен начин. Но, гнев во јавноста предизвикуваат и изјавите на премиерот Ковачевски кој на некој начин се обиде да го одбрани со тоа што кажа дека на снимката не се знаело кој со кого зборува. Причината за молкот според Исени дефинитивно стравот дека социјалдемократите би можеле да го изгубат коалициониот партнер ДУИ, што би довело до предвремени парламентарни избори.

Причината зошто Владата молчи е дека ако крене глас против Џафери може да се налути коалицискиот партнер ДУИ и да предизвика парламентарни избори кои очигледно СДСМ не ги сака. Очекувано е однесувањето на Ковачевски. Повеќе од очигледно е дека се слуша Талат. Тој уште нема изградено профил на политичар бидејќи е под сенката на Заев и сака да се покаже како премиер и не сака да оди на избори – изјави за Алфа политикологот и уредник во „Коха“, Џенур Исени.

Како земја која се стреми да стане членка на Европската Унија, не треба да се дозволи овој скандал да помине незабележано и неказнето, дециден е Исени. Во најмала рака Џафери треба да си поднесе оставка, како што тоа го прават функционерите во развиените земји, дури и за помали грешки.

Ние сме земја аспирант за ЕУ и во нормални држави и за помали работи се даваат оставки. Многу скандали нема да имаат разрешница, дури и во минатото многу предмети останаа незавршени во судски лавиринти, и ќе остане така се додека не се изберат судии ненаметнати од политички партии – вели Исени.

И додека институциите не најдоа за сходно да реагираат за безобразното однесување на Џафери, истите луѓе пред шест години дојдоа на власт по пат на прислушкувани телефонски разговори. За функционери од СДСМ и претходно имало материјални докази за кривично дело.Зоран Заев како градоначалник на Струмица беше обвинет за барање поткуп од над 160 илјади евра од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев за продажба на државно градежно земјиште. Јавноста го виде видео материјалот во кој Заев бара евро за црквата, евро за Вицето, но Обвинителството не успеа да докаже оти сторил кривично дело.

Извор: Алфа ТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Средба на Џафери со претседателката на италијанскиот…

Соработката меѓу Италија и С. Македонија на…

Ковачевски: Денеска го одбележуваме Денот на Охридското…

Денеска го одбележуваме Денот на Охридското Езеро…

Ковачевски: Финансискиот систем успешно се справи со…

Претседателот на Владата на Република С. Македонија…

Мицкоски до Ковачевски: Достоинството или го имаш,…

Достоинство или го имаш или воопшто го…

Каракамишева: Ако ова не е страшно за…

Целата јавност со горчина ја критикува реакцијата…