Исмаил: Во Втората македонска бригада учетвувале еден куп Албанци, а Демачи е УЧК, колаборационист на фашистите!

Волјата на граѓаните на сегашната улица “Адем Демачи”, дали сакаат така да се вика улицата никогаш не е измерен, но и да е, ваша одговорност е да ги едуцирате граѓаните за интересот на Република Македонија, истакна денеска советникот од редовите на Левица во Советот на Град Скопје, Реџеп Исмаил.
– Во Втората македонска бригада има еден куп Албанци, а Адем Демачи е портпарол на УЧК, не се работи за политичка, туку за идеолошка разлика, едните се партизани, другите се колаборационисти на фашистите.
Не знам како ова име е поминато на Владата, член 6 од Законот вели дека не можат да се определат имиња на инфраструктурен објект, улица, мост и слично со кој се навредува угледот на РМ, се навредуваат националните чувства на граѓаните на РМ, на националните малцинства и исто така име кое го нарушува односот меѓу заедниците. Албанците тука имаат историја која не е поврзана со Адем Демачи, истакна Реџеп Исмаил.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Петровски: Охридскиот рамковен договор треба да…
Охридскиот рамковен договор требаше да се вика…
Курти: Борбата на УЧК беше праведна и…
На тригодишнината од обвинението на Специјалниот суд…
Конгоанските мигранти ја напуштија зградата на поранешната…
Десетиците мигранти по потекло од Конго кои…
(Фото+видео) Албанци со знамиња на УЧК и…
Десетици Албанци од САД се собраа денеска…
(Видео) Ексклузивни информации од 2001 година, МЕЃУНАРОДНИОТ…
Меѓународниот фактор во 2001 ги поддржуваше терористите…