Објавено на:

Историски момент за Русинката Ана Кикина: Стана прв руски астронаут кој полетал од САД по 20 години

t

Руски астронаут првпат по 20 години полета во вселената од американското тло. Астронаутката Ана Кикина полета од космодромот Кејп Канаверал на Флорида до Меѓународната вселенска станица, заедно со уште тројца астронаути, двајца американски и еден јапонски, без разлика на големите тензии поради војната во Украина.

Поради ураганот Ијан, летот на ракетата Спејс-екс со оваа посада беше одложен. Ураганот ја зафати Флорида, земајќи 75 жртви и оставајќи зад себе голема материјална штета.

Се надевам дека со ова полетување ќе го разведриме небото над Флорида за секого – изјави јапонскиот астронаут Коичи Ваката, на кого ова му е петти пат да оди во вселената.

Со него во петмесечната мисија заминуваат американската потполковничка Никол Мен, американскиот капетан Џош Касада и Русинката Кикина.

Никол Мен е првата претставничка на американско домородно племе, која ќе замине во вселената.

Мисијата Спејс-екс треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица 29 часа по полетувањето. Таа таму ќе ја замени американско-италијанската посада, која е на станицата од април.

Ана Кикина од Руската вселенска агенција полетува како замена на американскиот астронаут на НАСА, Френк Рубио, кој пред две седмици отиде во вселената со руската ракета Сојуз од космодромот Бајконур во Казахстан.

Националните вселенски агенции летото се договорија за замената со цел да се обезбеди континуирано американско и руско присуство на Меѓународната вселенска станица што орбитира на 420 километри над Земјата.

Договор е постигнат и покрај глобалните тензии околу руската воена операција во Украина.

Следната замена на посадата на станицата се очекува напролет во 2023 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Естонија купува американски ХИМАРС!

Естонија, земја-членка на НАТО, која граничи со…

Британците откриваат: Елиминација на државниот врв, заземање…

Британскиот истражувачки центар за одбрана и безбедност…

Едвард Сноуден доби руско државјанство!

Поранешниот припадник на американските специјални служби Едвард…

Ова е поинаква Русија, Србија треба да…

Амбасадорот на САД во Србија, Кристофер Хил,…

Финската премиерка: Европа не е доволно силна…

Финската премиерка, Сана Марин, денеска во Сиднеј…