Италијанскиот премиер Марио Драги вчера во Вашингтон ги повика САД и Русија да седнат на „мировна преговарачка маса“

Украина, се разбира, е главниот актер на таа преговарачка маса, затоа што треба да се избегне секаков сомнеж во тоа дека мирот е наменет, дека тоа е мир кој им одговара на САД, Европејците или на Русите, а кој не би бил прифатлив за Украинците, рече италијанскиот премиер.Италијанскиот премиер Марио Драги синоќа во Вашингтон ги повика САД и Русија да седнат на „мировна преговарачка маса“ за да најдат решение за излез на Украина од руската агресија.
– Потребно е да се вложат напори и да се седне на маса да се преговара, а таков напор мора да направат сите сојузници, но секако и Русија и САД – рече Драги.Во изјавата еден ден по средбата со американскиот претседател Џо Бајден, Драги истакна дека „сите мора да преговараат“.
– Украина, се разбира, е главниот актер на таа преговарачка маса, затоа што треба да се избегне секаков сомнеж во тоа дека мирот е наменет, дека тоа е мир кој им одговара на САД, Европејците или на Русите, а кој не би бил прифатлив за Украинците – рече италијанскиот премиер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Прашуваат Американци каде е Украина, а…
На почетокот на руско-украинската војна, водител прави…
Украинската државна нуклеарна агенција тврди дека Русија…
Украинската државна нуклеарна агенција Енергоатом тврди дека…
Русија и Турција ја зголемуваат трговската соработка…
Русија и Турција потпишаа "патоказ за економска…
Украина го признава Косово? Пратеник поднесе иницијатива…
Украина го призна Косово - пратеник поднесе…
Италијанската даночна полиција заплени имот вреден над…
Италијанската даночна полиција заплени имот во вредност…