Италија и Унгарија побараа на претстојниот Самит на Европска Унија да се апелира за прекин на огнот во Украина

Италија и Унгарија побараа на претстојниот Самит на Европска Унија да се апелира за прекин на огнот во Украина и за мировни преговори со Русија.
Во нацрт завршната изјава за Самитот, што ќе се одржи на 30 и 31 мај, се наведува дека „ЕУ е непоколеблива во својата посветеност да и помогне на Украина да го оствари правото на самоодбрана од руската агресија“.
Во нацрт изјавата не се споменуваат мировните преговори.
На состанокот на амбасадорите на ЕУ на 20 мај, италијанскиот дипломат предложи измени на текстот, истакнувајќи дека изјавата треба да вклучи повик за мировни разговори и итен прекин на огнот како приоритети на ЕУ.
Предлогот беше поддржан од Унгарија и Кипар, кои се меѓу најгласните критичари на новиот пакет санкции на ЕУ против Русија.
Во нацрт-заклучок за претстојниот Самит се истакнува дека ЕУ останува посветена на зајакнување на способноста на Украина да го брани својот територијален интегритет и суверенитет. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…
Министрите за надворешни работи на Украина и…
Црна Гора испраќа војници во Украина!
Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…
Меџити од Одеса: Силно ја осудуваме руската…
Вицепремиерот Изет Меџити денеска учествуваше на Самитот…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…