ИЈЗ: Еден починат од СИДА, 554 лица живеат со ХИВ вирусот

Институтот за јавно здравје информираше за состојбата со ХИВ вирусот во Македонија. Според официјалните податоци, во текот на месец декември, пријавени се два случаи потврдени на ХИВ, од машки пол, кои припаѓаат на возрасната група од 40-49 години.
Регистриран е еден смртен случај од СИДА, пријавен како заболен во ноември, 2024 година, од машки пол, кој припаѓа на возрасната група од 20- 29 години. Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи (заклучно со 31.12.2024), кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Р. Северна Македонија, за периодот 1987–2024, изнесува 688, а од нив, согласно податоците со кои располага ИЈЗ – 130 лице починале, а 554 лица живеат со ХИВ/СИДА (4 лица се со непознат исход).
Во групата на сексуално и крвно преносливи инфекции (без ХИВ/СИДА) се регистрирани 22 заболени лица – седум случаи на сифилис, шест случаи на вирусен хепатит Б, пет на вирусен хепатит Ц и четири на инфекција со хламидија.
Шест нови позитивни случаи на Ковид-19 се евидентирани од 6 до 12 јануари. По два случаи се регистрирани во Куманово и во Струмица, по еден во Скопје и во Кичево. Иако бројот на заболени од Ковид-19 на неделно ниво е мал, како што се додава, со оглед на тоа дека во тек е периодот на зголемена циркулација на респираторни вируси во северната хемисфера, постои ризик активноста на Сарс-ков-2 да се зголемува, „што ја нагласува континуираната потреба од надзор – епидемиолошки и вирусолошки, на национално и регионално ниво“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИЈЗ: Еден починат од СИДА, 554 лица…
Институтот за јавно здравје информираше за состојбата…
ИЈЗ: Шест нови случаи на Ковид-19, постои…
Шест нови позитивни случаи на Ковид-19 се…
Штедете и гответе оброци што не бараат…
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во пресрет…
Нови 25 случаи на голема кашлица за…
Институтот за јавно здравје – ИЈЗ информира дека од…
Се зголемува бројот на хоспитализирани од голема…
Пријавени се 17 нови случаи на голема…