И во Србија не цветаат рози: Голема инфлација во однос на мај минатата година

Потрошувачките цени на производите и услугите за лична потрошувачка во мај годинава се за 10,4 отсто повисоки во однос на мај лани, соопшти Републичкиот завод за статистика на Р. Србија, јави дописникот на МИА од Белград.
Во однос на претходниот месец, цените скокнаа за 1,2 отсто, а од почетокот на годината растот на цените е 5,6 отсто.
Прехранбените производи поскапеа за 16 отсто на годишно ниво, а од храната најмногу поскапе месото за 21,3 отсто и кафето и чајот за 25 отсто.
Лебот и житарките поскапени се за речиси 17 отсто, а зеленчукот 15 отсто. Сезоната на свежо овошје ја намали инфлацијата на оваа група производи на 9,7 отсто. Маслата и мастите поскапеа за 17,5 отсто, додека млекото, сирењето и јајцата поскапеа за 15,4 отсто.
Горивата поскапеа за 23 отсто, рестораните и хотелите за 11 отсто, додека мебелот е поскапен меѓу 12 и 13 отсто.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лесковaц: Избодено момче пред очите на својот…
Шеснаесетгодишно момче денеска по 14 часот е…
Српското Министерство за информирање бара отстранување на…
Српското Министерство за информирање и телекомуникации побара од српските…
Српски Курир: Се подготвува воен сојуз меѓу…
Српски Курир ексклузивно дознава дека наскоро се…
Независното здружение на новинари на Србија: Медиумите…
Независното здружение на новинари на Србија (НУНС)…
Редици и во Србија за донирање на…
Голем број српски граѓани се одзвале на…