И Вранишковски беше на литургијата во Белград

t

Поглаварот на ПОА, Јован Вранишковски, денеска присуствуваше на литургијата за помирување која започна утрово во 9 часот во храмот Свети Сава во Белград, на која служеа Српскиот патријарх Порфириј и Архиепископот охридски и македонски Стефан, пренесува Експрес.

Богослужбата се одржа во присуство на голем број граѓани на која по 55 години се обнови литургиската и канонската заедница на двете сестрински цркви, согласно одлуката на парламентот на Српската православна црква.

Изминатиот викенд српски медиуми информираа дека црквата на Јован Вранишковски која СПЦ досега единствено ја признаваше во Македонија, ќе се претопи во МПЦ-ОА, а тој ќе замине во пенизија порад нарушено здравје.

Извор: Експрес

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се преврте автомобил на патот Гостивар-Кичево

Автомобил се преврте претпладнето на патот од…

Бомба на српско „Време“: Истата кинеска компанија…

Истиот кинески изведувач стои зад работата на…

Вучиќ очекува средба со Трамп во следните…

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави вечерва дека…

„Се гледаме на 4 април“ – Најавени…

Поради нападот на деканката на Филозофскиот факултет…

Вандализиран автобусот на Чаир 2030 во Куманово…

Кошаркарскиот натпревар меѓу Куманово и Чаир 2030…