И за влез и за излез од Македонија на „Табановце“ се чека 40 минути

Зголемена е фреквенцијата на возила на ГП „Табановце“ за влез и за излез од државата, а времето на чекање е околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Американски топ дипломат го уништи Христијан…
Заменикот на државниот секретар на САД, О'Брајан…
Ковачевски: ДПМНЕ го кочи европскиот пат на…
Одговорноста има име и презиме, тоа е…
Социјалните мрежи горат по вчерашното реми: Од…
Социјалните мрежи вријат откако Македонија вчера ѝ…
Добро утро со Инфомакс: Наше знаме е…
Добро утро Македонци, денеска ви го пренесуваме…
И за влез и за излез од…
Зголемена е фреквенцијата на возила на ГП…