И за во Лекарска комора требаат врски со ДУИ: Дали Страделова се договорила со Груби за да остане на функцијата?

t

Вицепремиерот Артан Груби лобира Калина Гривчева Старделова да остане на чело на Лекарската комора, дознава Република.

Од извори лекарската фела дознаваме дека сè уште актуелната претседателка на Лекарската комора и директорката на Клиниката за гастроентерохепатологија е толку заинтересирана да остане на функцијата што влегла во политички зделки со актуелни функционери.

Изборот на ново раководство на Лекарската комора преминува во шпанска серија. Иако Старделова извршува две функции истовремено, а Антикорупциската комисија уште во 2019 година констатира дека доаѓа до судир на интереси, таа грчевито се бори да остане на двете раководни столчиња. Очигледно, едното задржувајќи го со помош на првиот вицепремиер.

Освен тоа, периодов лекарите сведочат за низа притисоци и уцени.
Лекарите веруваат дека сепак, на изборите, со тајно гласање по сопствено убедување ќе згасне кариерата на Старделова во Лекарската комора.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ: Официјален албански јазик, непречена употреба на…

Демократската унија за интеграција им честита на…

Зошто Мицкоски ги брани избрканите од „Комуналец“,…

Отстранувањето на речиси 40 лица од платниот…

Апасиев: Наместо да го затворат, СДС и…

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев го коментира…

ДУИ: САД, ЕУ, Лондон, Париз, Берлин ја…

Демократската унија за интеграција (ДУИ), ги поздравува…

Левица открива детали: Пукањето кај плоштадот “Скендербег”…

Левица објави нови информации во врска со…