И Македонија ги забранува руските телевизиски канали?

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), по препорака на Владата, им укажува на кабелските оператори да ги исклучат руските канали што се реемитуваат во Македонија.
Кабелските оператори добија препорака од АВМУ за исклучување на „каналите во кои како основач се јавува Руската Федерација или приватни, физички или правни лица со потекло од Руската Федерација”.
Препораката се однесува на четири канали што се реемитуваат во земјава – дел на англиски, дел на руски јазик – „Раша тудеј” и „Спутник”.
АВМУ од кабелските оператори побара и известување за преземените активности во рок од три дена.
АВМУ од кабелските оператори побара и известување за преземените активности во рок од три дена.
Вакви мерки се преземени во други земји во Европа откако Русија ја нападна Украина, а ЕУ и САД воведоа санкции.
Извор МКД.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…
Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Изградба на нуклеарна централа на Месечината и…
Изградбата на првата нуклеарна централа на Месечината,…