И на Османи му е “преку глава”: Вака веќе не може – Ако летово не добиеме датум за преговори ќе повлечеме линија!

t

Летово е рокот до кога Македонија ќе ги чека Софија и Брисел да го повлечат вистинскиот потег кон земјава. Доколку тоа не се случи, шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, смета дека ќе треба да се повлече линија и да се каже дека така повеќе не може.

Но, процесот со Бугарија нема да замрзне, појасни Османи, билатералните односи и Договорот за добрососедство ќе продолжат да се спроведуваат, но нема повеќе да се троши толку енергијата и време на спорот како досега.

Моменталниот застојот во политичкиот процес за решавање на спорот пак ја прави незивесна и втората меѓувладина седница со Бугарија предвидена за крајот од месецов, за што Османи вели дека во вакви услови нејзиното одржување би било само парада, без суштина.

Сепак и покрај ваквиот став Османи се уште не ја губи надежта и смета дека до јунскиот самит на ЕУ се уште има сериозни шанси процесот со Бугарија да се заокружи и да се постигне сеопфатно решение кое би ги затворило сите отворени прашања.

И додека полека е подготвува терен дека земјава во процесот на пристапуавање кон ЕУ ќе остане заглавена на неопределено време, на 2 јуни Македонија со САД ќе го започне стартешкиот дијалог, што е скала погоре во 14 годишното стратешко партнерство меѓу двете земји.

Османи вели дека временското преклопување на двата процеса, прближувањето кон САД и повлекувањето на линијата кон Брисел се само коинциденција, но не и замена.

Стратешкиот дијалог треба да постави дополнителна рамка и поставување нба приоритети во соработката меѓу двете земји и Македонија е прва која почнува ваков дијалог со САД. Дијалогот ќе го водат министерствата за надворшени работи, на чело со Османи од македонска страна и помошник државниот секретар на САД, Керен Донфрид. Во Вашингтон на првиот состанок Османи лично ги поканил да присуствуваат и министрерката за одбрана и министерот за економија, со оглед дека за змејава приоритете во оваа фаза ќе бидат соработката во делот на енергијата, одбраната, безбедноста и сајбер заштитата. Османи информираше дека освен важни поголеми политички прашања, стратешкиот дијалог со САД ќе опфати ја опфати соработката и проекти од директен интерес за граѓаните, како нивното движење во двете земји, образованието, културата.

Извор: Телма

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи: Ние не одбројуваме денови, туку ЕУ

Доколку се има политичка волја, има доволна…

Османи утре во официјална посета на Република…

Министерот за надворешни работи на Република С.…

Османи во Украина: Тоа што го видов…

Во однос на работната посета во Украина,…

Средба на министерката за надворешни на Германија…

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на…

Османи јавно да ги објави македонските одговори…

Пратеникот и претседател на собраниската Комисија за…