И покрај налогот за апсење, Путин ќе патува низ светот

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, по кого Меѓународниот кривичен суд во Хаг издаде налог за апсење за воени злосторства, наскоро може да отпатува во Кина.
Кинескиот претседател Шји Џинпинг, кој е во тридневна државна посета на Русија, денеска изјави дека го поканил рускиот претседател оваа година да ја посети Кина.
Кинескиот лидер ова го изјавил на средбата со рускиот премиер Михаил Мишустин, пренесуваат руските медиуми. Џинпинг го покани и Мишустин што поскоро да ја посети Кина, со цел да се врати механизмот за редовни средби меѓу шефовите на владите на двете земји.
Тој објасни дека избрал прво да ја посети Русија откако по трет пат е избран за претседател на Кина бидејќи, како што наведе, тоа одговара на историската логика.
„Ние сме најголеми земји и стратешки партнери“, рече кинескиот претседател.
Путин би можел слободно да патува во Кина, бидејќи земјата не е потписник на Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд и не мора да ги почитува наредбите на МКС.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото+Видео) Падна Арачиново: Спречен транспорт на дрога…
На 24.03.2023 од страна на полициски службеници…
Македонија ѝ донира 12 хеликоптери на Украина…
Новото дебатно издание на емисијата „360 степени“,…
Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена со засилени…
Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена – Скопје…
До февруари 2024 сите документи ќе мора…
Министерството за внатрешни работи, постапувајќи по заклучок…
Возач се обидел да прегази неколку лица…
Во петокот, на паркингот на аеродромот Келн/Бон,…