И Спасовски се налути: Отворањето на центарот кој носи име на соработник на Хитлер никако да придонесе кон подобрувањето на односите

Отворањето на Културниот центарот во Битола и тоа со име на еден учесник или соработник на Хитлер, на фашистичкиот окупатор, за мене е неприфатливо, тоа претставува провокација и нема никако да придонесе кон подобрувањето на односите, ниту ќе ја подобри климата во Бугарија, ниту ќе ја подобри климата во Северна Македонија, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовки.
Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Општата болница Куманово, го повтори ставот на Владата – дека тие сакаат преку принципиелни разговори да се дојде до решение се со цел да го оствари нашиот национален интерес, а тоа е членството во ЕУ.
– Цврсто стојам на ставот дека нашата земја е никната практично од НОБ и тие придобивки ги почитувам максимално и тоа го прави секој граѓанин заради тоа што борбата против фашизмот во тоа време е придобивка која што сите ние и идните генерации мораме да ја сочуваме, да ја негуваме, тие традиции да ги негуваме се со цел да не ни се врати нешто што навистина беше погубно за целиот свет, изјави Спасовски.
Според него, сите политичари треба да се свртат кон иднината и кога ќе носат одлуки да ги носат за идните генерации.
– Разговор на принципиелни основи и се надевам дека ќе можеме да дојдеме до решение на прашањето, изјави Спасовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И покрај налогот за апсење, Путин ќе…
Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, по…
Две жени повредени во сообраќајка во Скопје
На 20.03.2023 во 13.15 часот во СВР…
Песков откри за што разговарале Путин и…
Претседателите на Русија и Кина, Владимир Путин…
Љупчо Георгиевски го прогласи за мртов Македонизмот
Последните десет поста ми беа посветени на…
Гаши: Ако Курти ги формира ЗСО, ќе…
Поранешниот советник на косовскиот премиер Албин Курти,…