И штрајкувачите од Управа за водење на матични книги трпат притисоци: На работа почнале да одат вработените со договор на дело

t

Во повеќе канцеларии на Управата за водење матични книги, под притисок и закани дека ќе добијат само 60 проценти од платата, почнале да се враќаат на работа вработени со договор на дело, кои немаат овластување да примаат странки и немаат депонирано потпис туку само се логистика во Управата, тврди за Слободен печат потпретседателот на Синдикатот, Игор Јовановски.

-Почнале по градовите да им ѕвонат на волонтерите и на договорците, да почнат да работат. Тоа е незаконски бидејќи тие немаат овластување да примаат странки и немаат депонирано потпис. Не знам кој после тоа ќе ги потпишува тие документи издадени, кога вработените со договор на дело немаат овластување да издаваат ниту изводи за родени ни за починати, немаат депонирано потпис во Управата, ни рече Јовановски.

Според неговите информации, ова се случува во Гостивар, Скопје и Куманово.

Од вчера во УВМК има штрајк на 500 вработени кои не примаат странки, не издаваат документи и бараат да се донесе нов колективен договор за нив, со кој платите ќе им бидат повисоки за 30 проценти. Тие велат дека уште од вчерашниот ден, почнале да добиваат пораки од надредените дека ако не се членови на синдикатот, тогаш немаат право на штрајк и ќе добијат само 60 проценти од платата.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе делат книги за Македонците во Албанија…

38% од Бугарите не прочитале ниедна книга…

Така ќе победат во војната: Украина ги…

Врховната Рада на Украина изгласа забрана за…

Дали Украина ќе уништува 100 МИЛИОНИ КНИГИ…

Ако Олександра Ковалова, директорка на Украинскиот институт…

Вучиќ се пожали: Имаме притисоци да воведеме…

По одлуката на рускиот претседател Владимир Путин…

(Видео) Америка назад во 18 век: Масовно…

Контроверзниот пастор Грег Лок од Тенеси организираше…