Каде живееме?! Тројца насилници нападнале маж и жена за паркинг место!

t

36-годишна жителка на Тетово вчера пријавила дека таа и нејзиниот сопруг биле нападнати во препирка околу паркинг-место во градот, соопшти МВР.

Според СВР Тетово, жената ги пријавила случајот вчеравечер околу 21 часот и 15 минути, а инцидентот се случил на улицата „Андреја Ристовски“, во близина на т.н. Стара градинка.

Таа во полицијата раскажала дека заедно со 40-годишниот сопруг биле физички нападнати од тројца насилници, поради недоразбирања околу паркирање на нивното возило. Од СВР Тетово велат дека случајот се документира и се расчистува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тетовец ја тепал 24-годишната сопруга

Синоќа околу 22.30 часот, полициски службеници на…

Тетовски дилери се противеле на апсење па…

Двајцата тетовци кои вчера биле приведени за…

Пензионерка пронајдена мртва во нејзиниот стан во…

Седумдесет и двегодишна тетовка била пронајдена почината…

Студентскиот дом во Тетово во новата академска…

Новиот студентски дом кој се гради за…

Траги-комедија: “Бугари” ќе гласаат и во Тетово,…

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами и амбасадорот…