Објавено на:

Кадиров побара од Путин да го разреши од функцијата

t

Лидерот на Република Чеченија, Рамзан Кадиров, изјави дека побарал од рускиот претседател Владимир Путин да го смени од функцијата, поради зголемените шпекулации за неговата лоша здравствена состојба, што наскоро би можело да го принуди да се пензионира.

Кадиров (48) дојде на чело на Чеченија во 2007 година, откако самиот Путин го назначи на таа позиција. Кадиров наводно се подготвува да му ја предаде власта на својот 17-годишен син Адам, објавија украинските медиуми.

„И јас ги слушнав тие гласини.Се  пишуваат секакви работи“, рече Кадиров како

„Напротив, јас лично побарав да бидам разрешен од должноста. Кој и да дојде ќе има свои иницијативи, своја визија. Се надевам дека моето барање ќе биде прифатено“, додаде тој.

Ова не е прв пат Кадиров да зборува за повлекување. Уште во 2017 година во телевизиско интервју изјави дека тоа ќе му биде „животна желба“.

„Тогаш беше потребна личност како мене за да се бори, да воведе ред“, рече тој тогаш, според Ројтерс.

„Сега имаме ред и просперитет и време е за промени во Чеченската Република.

Кадиров е близок сојузник на Владимир Путин и учествуваше во руската инвазија на Украина со испраќање борци на бојното поле од Чеченија со мнозинско муслиманско население.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најчевска: Мицко нè турна кон Путин

Мицко нè турна кон Путин, искоментира на…

„ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС“: Москва има план за напад…

Москва има детален план за напад на…

Бајден: Израел се согласи на прекин на…

Претседателот на САД – Џо Бајден изјави…

Путин најави одговор за влезот на Финска…

Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…

Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…

Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…