Кадиров: Русија ќе го превземе Киев!

Претседателот на руската република Чеченија, Рамзан Кадиров, изјави дека офанзивата во Украина нема да се спроведува само во Мариупол, туку и во главниот град Киев како и во другите украински градови.
Во видео-пораката објавена рано изутринава преку платформата „Телеграм“ тој вели дека „целосно ќе ги ослободи (источните региони Луганск и Доњецк“)…а потоа ќе ги преземе Киев и сите други градови“.
„Ве уверувам дека нема да има ниту еден чекор назад“, вели Кадиров.
Неговата изјава доаѓа во мигови кога конфликтот во Украина се преместува на исток каде украинските сили се утврдени и добро подготвени за борба.
Руските власти соопштија дека нивните сили ќе се фокусираат кон „целосно ослободување“ на Донбас, притоа алудирајжи на Луганск и Доњецк.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелски министер во историска посета на Саудиска…
Министерот за туризам на Израел денеска замина…
(Фото) Потресна атмосфера во Звечан, Србите жалат…
Граѓаните на Звечани се собраа пред споменикот…
Средба на азербејџански и ерменски претставници во…
Под покровителство на претседателот на Советот на…
Обвинителен акт против полициски инспектор за усмртената…
По спроведена севкупна истражна постапка, предметен обвинител…
Ковачевски: Не е исклучена предизборна коалиција на…
Премиерот Димитар Ковачевски и лидер на СДСМ…