Објавено на:

Кадиров: Целта на специјалната операција е целосно уништување на сатанизмот

t

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, на апликацијата Телеграм објави дека резултатот од специјалната операција за него е „целосно уништување на манифестациите на сатанизмот“.

„Дозволете ми да парафразирам еден познат цитат – да одиме напред и ништо нема да не спречи“, напиша Кадиров.

„Резултатот од специјалната операција за нас е целосно уништување на манифестациите на сатанизмот: Сатана, Бандера, нацисти. Има многу дефиниции за нив, но суштината е секогаш иста. Нивната вистинска суштина е недостатокот на хуманост, морал принципи, ширење на зли духови. Затоа за нас тие се сатанисти. Да ги победиме е наша цел и задача“, напиша Кадиров.

Чеченскиот лидер објави видео на социјалните мрежи од новото оружје и опрема што го добиле припадниците на специјалните сили Ахмат. Станува збор за оклопни возила БОРЗ, кои се вооружени со митралези.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Арсовска со честитки за припадниците на исламската…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска им…

Кадиров му одговори на Маск: Не си…

Чеченскиот лидер Кадиров му одговори на Илон…