Каевски: Ние покажавме дека никој не влијае на судството

t

Кога се работи за Законот за ЈО, опозицијата се обиде да го опструира. Перцепцијата за правосудството е нарушено години наназад. Целиот процес ќе се подобрува. Мораме да напраиме разлика меѓу судската и извршната власт. Вие сте навикнати да го држите судството. Ние покажавме дека никој не влијае кај судиите. Премиерот Ковачевски денес појасни дека ниту имал средба со обвинители и судии. Како политички партии мораме да го оставиме правосудството да делува самостојно, изјави пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски.

Каевски потенцира дека денес реалноста е друга отколку пред неколку години.


-Сите портали и медиуми покажаа за блиски луѓе до Христијан Мицкоски обвинети за криминалните парцели во делчевско. ВМРО-ДПМНЕ и во минатото призна за „Титаник“, дека во време на власт ја кределе државата и местеле избори, рече Каевски во емисијата „Клик плус“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ