Казна за инспекторот од АХВ кој се изживуваше со јагне

t

Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, на својот профил на Фејсбук објави дека ќе биде санкциониран инспекторт од Агенцијата за храна и ветеринарство, за кого на социјалните мрежи беше објави видео како се изживува со јагне.

Здружението за заштита на животни “Анима Мунди” објави видео снимка на Фејсбук на која тврди дека е снимен Инспектор за заштита на благосостојбата на животните во Берово. Тој е дел од поголема група луѓе снимена во куќа во која едно јагне, врзано за нозете се принесува живо на маса со повеќе луѓе кои ги забавува и жива музика.

„Згрозен од монструозниот чин на Инспекторот за благосостојба на животните во подрачната единица Берово, на Агенцијата за храна и ветеринарство, најавувам итно постапување, и преземање на сите дисциплински мерки од страна на АХВ.

Предизвикување стрес, малтретирање, и непотребно страдање на невини животни е за секаква осуда“, напиша Николовски на својот профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УХМР во моментов: Скопската котлина ќе ја…

УХМР објави моментална состојба од нестабилната облачна…

До 17-ти август ќе дознаеме што е…

Илија Димовски преку објава на Фејсбук вели…

Западот е бесен: Соработката меѓу Русија и…

Соработката меѓу претседателите на Русија и Турција…

„СКЕНДЕР БЕГ ВО ПЛАМЕН“-ГОЛЕМ КОНЦЕРТ ВО ЧЕСТ…

Првиот вицепремиер, Артан Груби објави фотографии и…

Крадци во Италија ископале тунел под банка,…

Банда крадци на банки била приморана да…