Казни во висина од 8,5 милиони евра за неправилности на плажите во Грција

За неправилности на плажите во Грција во јули и август биле спроведени 20.500 контроли со опфатени 630 плажи и изречени казни во висина од 8,5 милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што соопштија од Министерството за национална економија и финансии на Грција, контролите биле и по поднесените пријави од граѓаните преку специјалната апликација „My Coast“ и со помош на новите технологии, како употреба на дронови и сателитски снимки.
Паричните казни се во висина од 8,5 милиони евра, од кои над два милиони се на Кефалонија.
Паралелно, биле издадени и 55 одлуки за затворање на делови од плажите што биле нелегално искористени.
Од друга страна, најголем број поплаки и спроведени контроли имало на Халкидики, во источниот дел на областа Атика поширокиот регион на Атина, на Кикладските острови, на островите во северниот и источниот дел на Егејското море, во Превеза, на Крф и Крит и во јужниот дел на Пелопонез.
Од надлежното Министерство нагласија дека контролите ќе продолжат и во текот на септември и до крајот на туристичката сезона.
Министерот за национална економија и финансии на Грција Костис Хаѕидакис рече дека подобрената слика на плажите во земјата докажува дека го прават она што го велат.
-Се обврзавме дека на плажите ќе доминира законитоста и тоа е сторено на голем дел од плажи, што се покажува со над 20.000 проверки во период од 60 дена и дејствијата што ги презедовме против оние кои беа нелегални, рече Хаѕиѕидакис
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Белград ѝ се заблагодари на Грција за…
Српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ…
Грција е „чувар на европската траекторија на…
Премиерот Киријакос Мицотакис ја повтори поддршката на…
Земјотрес од 4,8 степени на третиот крак…
Земјотрес со јачина од 4,8 степени според…
Вереницата на синот на Трамп ќе биде…
Новоизбраниот претседател Доналд Трамп ја избра Кимберли…
Грција е втора земја по директни странски…
Грција е втора земја по странски директни…