Каков шамар: Билатералните прашања некогаш се поважни од реформите, велат од ЕУ

t

Европската Унија прифати дел од билатералните барања на Бугарија да стојат во преговарачката рамка и смета дека тоа е нормално, јави дописничката на МИА од Брисел.

Во пресрет на состанок на лидерите на ЕУ и Западниот Балкан, кој ќе се одржи утре, дипломатите од земјите членки и од Советот интензивно ги брифираат новинарите денеска за прашањата што „ќе бидат на маса“ на средбата, како визниот режим за Косово, кандидатскиот статус за Босна и Херцеговина, но доминираат оние поврзани си стартот на преговорите со Северна Македонија, блокиран од Бугарија, што ја држи во заложништво и Албанија.


Висок дипломатски извор во ЕУ добро запознаен со преговарачката рамка и францускиот предлог за надминување на спорот меѓу Скопје и Софија, денеска за МИА потврди дека билатералните прашања се дел од рамката и дека тоа е „нормално“.

– Билатералните прашања се дел од процесот на проширување, објасни овој дипломат на прашање на МИА.

Запрашан дали е нормално да се создава преседан со Северна Македонија преку вклучувањето на билатерални барања на земја членка на ЕУ, дипломатот објасни дека „овој ризик постои“.

– Овој ризик постои и тоа некогаш е поважно од реформите. Тоа е дел од правилата, инаку не можеме да имаме хармонични односи. Предлогот кој е на маса се чини дека е тој околу кој може да се најде договор, никој не е задоволен ниту во Скопје, ниту во Софија, рече тој, додавајќи дека тоа за ЕУ е знак дека договорот е добар.

Лидерите на ЕУ и претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, го чекаат исходот од вечерашното гласање за доверба на бугарската Влада од страна на Парламентот во Софија, но сите го поздравија фактот што опозициската партија ГЕРБ најави дека ќе го поддржи договорот за преговарачката рамка, дури и да падне Кабинетот на премиерот Кирил Петков.

Вчера и државниот секретар за Европа на Франција, Клеман Бон, призна дека дел од билатералните барања на Бугарија се вклучени во францускиот предлог за преговарачката рамка, затоа што било потребно да се одговори на преокупациите на Софија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руската амбасадорка во Бугарија: Барам од Москва…

Амбасадорката на Русија во Бугарија, Елеонора Митрофанова…

И Бугарија има со што да “се…

ФБИ нуди награда од 100.000 долари за…

ЕУ и НАТО ја поддржуваат одлуката на…

На позадината на хистеричната ситуација, подгреана од…

Петков го отфрли ултиматумот на Митрофанова: Руските…

Кирил Петков денеска до 12 часот не…

Пак ќе останеме со прстот во уста?…

Пратеничката група на опозициската бугарска партија „Преродба“…