Како пред војна: Германското министерство за внатрешни апелира граѓаните да направат залихи на храна и лекови

Предупредување на германското Министерство: Направете залихи на храна и лекови
Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер им препорача на Германците за секој случај да подготват залихи со храна и лекови дома.
„Ако струјата ja снема долго време или секојдневниот живот е ограничен на некој друг начин, би било мудро да имате итни резерви на храна дома“, рече Фезер за Handelsblatt.
Државните мерки за цивилна одбрана не треба да вклучуваат само „технички прашања“, туку и „залихи на храна, лекови и медицински материјали“, нагласи министерот.
Агенцијата за заштита на населението направи листа на производи по потрошувачка на едно лице за десет дена.
На списокот има 20 литри вода, 3,5 килограми житарки, леб, тестенини, ориз и компири, 4 килограми зеленчук и мешунки, 2,5 килограми овошје и јаткасти плодови, 2,6 литри млеко и млечни производи.
Дополнително, треба да се остават 1,5 килограми месо, риба, јајца или јајца во прав, 357 грама маснотии и масло и други производи по ваш вкус, како мед или чоколадо, а неопходни се залихи на лекови во домашната прва помош.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во понеделник ќе се одлучува за замрзнување…
Задутре ќе се одлучува дали ќе се…
До петок ќе завршат анализите за цените…
Министерот за економија Крешник Бектеши очекува до…
Полска и Турција ја хранат Бугарија со…
Моменталново Бугарија се јадат компири од Египет…
Можно е замрзнување на цената и на…
Идната недела ќе се направат анализи и…
Владата ги замрзнува цените: Од утре поевтини…
Владата утре ќе го соопшти ограничувањето на…