Објавено на:

Како се слави национален успех: Иран ослободи над 700 затвореници по победата на фудбалската репрезентација!

t

Повеќе од 700 затвореници се ослободени во Иран по неодамнешната победа на иранската фудбалска репрезентација против Велс на Светското првенство во Катар, соопштија денеска иранските власти.

По поразот од Англија со 6:2, Иран во петокот го победи Велс со 2:0, а утре игра против САД.

Иранските правосудни власти ослободија 709 затвореници од различни затвори низ земјата по победата во натпреварот против Велс.

Меѓу нив има „некои лица кои беа уапсени за време на неодамнешните настани“, додаваат правосудните органи без да наведат дополнителни детали.

Под „настани“ тамошните власти ги подразбираат демонстрациите што го потресуваат Иран од 16 септември, кога младата Иранка Махса Амини почина во затворската болница, уапсена поради носење „несоодветна облека“ и кршење на строгиот кодекс за облекување на жените.

Иранските власти, кои ги означуваат демонстрациите како немири во земјата, конкретно ги обвинуваат странските сили дека стојат зад протестното движење со цел дестабилизација на земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Огромен пожар избувна по експлозија во…

По експлозија во фабрика за производство на…

(Видео) Страшни снимки од Иран: Напад со…

Израел вчера доцна вечерта го нападна Иран…

(Видео) Вооружен напад врз амбасадата на Азербејџан…

Вооружен напад е извршен врз амбасадата на…

Силен земјотрес го погоди Иран

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според…

Како се слави национален успех: Иран ослободи…

Повеќе од 700 затвореници се ослободени во…