Камион се преврте на терминалот кај Деве Баир, колона товарни возила со часови заглавена на Ѓуешево

t

Камион со турски регистарски ознаки вечерва се превртел на терминалот кај Деве Баир, поради неисчистен снег. Причинета е материјална штета.

Превозници од повеќе држави, возачи на шлепери, повеќе од пет часа стојат заглавени во колона пред граничниот премин Ѓуешево, кај границата помеѓу Македонија и Бугарија.


Како што изјавуваат превозниците, во повеќеметарската колона од бугарската страна на границата се наоѓаат превозници од повеќе држави, Македонија, Турција, Романија, Србија, а застојот се прави поради неисчистениот терминал на Деве Баир, на нашиот граничен премин.

Секоја година наидуваме на истиот проблем, неколку години по ред и првиот снег е веднаш пречка за непречено одвивање на сообраќајот. Снегот не е повеќе од десет сантиметри, но проблемот е што нема никој што го чисти терминалот, па преминување преку него е потешкотија и веќе шести час сме тука, премрзнати во колона, изјави еден од превозниците.

Апелираат надлежните конечно да се вклучат во решавање на проблемот бидејќи, како што посочуваат, се ограничени со работни часови коишто можат да ги поминат возејќи.

Патничките моторни возила што минуваат на терминалот од Македонија кон Бугарија се движат непречено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОВРЕДЕН РУДАР СВЕДОЧИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО СОКОБАЊА:…

Директорот на Општата болница во Алексинац, д-р…

ОСУММИНА ЗАГИНАТИ ВО ЕКСПЛОЗИЈА ВО РУДНИКОТ КАЈ…

Осуммина рудари загинаа во експлозија на метан…

(Видео) СТРАШНО: Синот на Шумахер доживеа несреќа…

Квалификациите за Гранд При на Саудиска Арабија…

Страшна трагедија во Конго: Воз излета од…

Најмалку 60 луѓе загинаа откако товарен воз…

(Видео) Трагична хеликоптерска несреќа: Се сруши американски…

Четири лица загинаа во хеликоптерска несреќа во…