Објавено на:

Канада испрати воени брода во Балтичко Море

t

Канада денеска испрати два воени брода во Балтичкото Море и во Северниот Атлантик, кои им се придружат на двете фрегати, што веќе се во регионот за да го зајакнат источното крило на НАТО како одговор на руската инвазија врз Украина.

– Канадските бродови „Кингстон” и „Самерсајд” отпловија на четиримесечна мисија како дел од „мерките за одвраќање во Централна и Источна Европа” што почна во 2014 година по анексијата на Крим од Москва, се наведува во соопштението на канадската морнарица.

До октомври, бродовите ќе учествуваат во воени вежби за отстранување мини и ќе одржуваат „висока готовност”, што ќе им овозможи „брзо и ефективно да одговорат како поддршка на секоја операција на НАТО”, се додава во соопштението.

Фрегатите „Халифакс” и „Монтреал” треба да се вратат во пристаништето во јули од мисијата наречена „Уверување”, што е најголемото распоредување на Канада во странство.

Во мисијата се вклучени и околу 700 канадски војници распоредени во Летонија, кои располагаат со артилерија и електронска опрема за војување, како и неколку воени авиони.

Извор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Куќи паѓаат во морето: Страшно невреме…

Силната бура „Фиона“ го зафати источниот дел…

(Видео) Руската амбасада во Отава нападната со…

Руското Министерство за надворешни работи го повика…

Буџаку и Куќи го поминаа собранискиот филтер:…

Номинираните амбасадори во Канада и во Норвешка,…

Дури сега ќе мрзнат? “Цајт”: Шолц не…

Шолц не успеа да постигне договор во…

САД, ЕУ и Канада бараат руските дијаманти…

САД, ЕУ и Канада бараат руските дијаманти…