Објавено на:

Канада се уплаши: Ги повлекува војниците од Украина поради стравување од руска инвазија

t

Канада привремено преместува дел од својот воен персонал во Украина на непозната локација во Европа, во услови на исчекување на руска инвазија, пренесува Агенција Анадолија.

„Како резултат на сложеното оперативно опкружување поврзано со неоправданата руска агресија против Украина, Канадските вооружени сили се во процес на привремено преместување на компонентите на Заедничката оперативна група – Украина (JTF-U) на друго место во Европа“, соопшти Владата.

Сепак, овој потег „не го сигнализира крајот на мисијата“, се вели од Владата, и се додава дека ќе ѝ овозможи на Канада да ги рефокусира своите напори истовремено обезбедувајќи ја сигурноста и безбедноста на Канадските вооружени сили.

„Заштитата на силите е главен приоритет за нашата мисија на обука, од која оперативната безбедност е клучна компонента“, се вели во соопштението.

„Иако потврдуваме дека преместивме дел од нашите сили надвор од Украина, нема да разговараме за бројки, локации или идни намери“.

Владата повтори дека Канада е „посветена на народот на Украина и на мисија да го зголеми капацитетот и способноста на безбедносните сили на Украина“.

Москва неодамна распореди над 100.000 војници во близина на Украина, предизвикувајќи стравување дека Кремљ би можел да планира нова воена офанзива против својот поранешен советски сосед.

Русија негира дека се подготвува за инвазија и ги обвинува западните земји дека ја поткопуваат нејзината безбедност преку проширувањето на НАТО кон нејзините граници.

Кремљ, исто така, издаде список со безбедносни барања до Западот, вклучително и намалување на распоредувањето војници од некои поранешни советски држави и гаранции дека Украина и Грузија нема да се приклучат кон НАТО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Прашуваат Американци каде е Украина, а…

На почетокот на руско-украинската војна, водител прави…

Украинската државна нуклеарна агенција тврди дека Русија…

Украинската државна нуклеарна агенција Енергоатом тврди дека…

Русија и Турција ја зголемуваат трговската соработка…

Русија и Турција потпишаа "патоказ за економска…

Украина го признава Косово? Пратеник поднесе иницијатива…

Украина го призна Косово - пратеник поднесе…

Италијанската даночна полиција заплени имот вреден над…

Италијанската даночна полиција заплени имот во вредност…