Канонизација на игуменот Јоаким Крчовски за светител и вбројување во диптихот на светите

t

Во манастирот Св. Јоаким Осоговски – Крива Паланка викендов ќе се изврши канонизација на игуменот Јоаким Крчовски за светител и негово вбројување во диптихот на светите.

На предлог на Кумановско-осоговската митрополија светителот ќе биде канонизиран како Свети праведен Јоаким Крчовски, учител и просветител.

Активностите почнуваат вечер во 18 часот со воскресна вечерна богослужба и парастос за блаженоупокоениот игумен Јоаким Крчовски.

Утре во 07.30 часот ќе се одржи воскресна утрена богослужба, а во 09.00 света божествена литургија и вбројување во диптихот на светите на Свети Јоаким Крчовски.

Канонизацијата во организација на Кумановско-осоговската епархија ќе се изврши во присуство на архиереите на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и голем број верници.

Под канонизација се подразбира прибројување на нечија осветена личност во соборот на светите.

-Спрегата што ја постигнал Јоаким Крчовски се опишува преку мислата – Знаењето без подвиг е филозофирање, а подвигот без знаење е идолопоклонство. Јоаким Крчовски и живеел, и проповедал, и учителствувал, и провестувал, и богослужел и бил богоугоден подвижник на самиот премин меѓу 18. и 19. век, а споменот и славата на неговиот свет живот општонародно се почитува и денес. Меѓу другото, тој е автор на првата книга отпечатена на народен македонски јазик во 1814 година. Книгите на Јоаким Крчовски се пишувани на разбирлив јазик за секој христијанин и затоа имале верна улога во верското и во моралното просветување, вели митрополитот Кумановско-Осоговски Григориј во обраќањето во пресрет на канонизацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таравари: Четворица од пациентите кои се лекуваат…

Во моментот, во Скопје се лекуваат 24…

71-годишен возач удрил во 80-годишен пешак, со…

На 26.03.2025 во 16.25 часот во Полициското…

„Кој е следен?“ на 29 март пред…

Граѓанското движење „Кој е следен?“, в сабота…

(Видео) Костова: Папаја за Владата, трошки за…

Срамна, понижувачка и крајно неодговорна е одлуката…

Потона подморница во Црвеното Море, има загинати

Се претпоставува дека во подморницата имало околу…