Објавено на:

КАПА ДОЛЕ КАВАДАРЦИ: За едно попладне собрани повеќе од 500 примероци од брис за донација на коскена срцевина за бебе!

t

Сме организирале многу вакви слични акции во Македонскиот дарителски регистар во изминативе десет години, ама ваков одзив, како во Кавадарци, немало никаде! Во едно попладне, на повикот на родителите, на градоначалникот Митко Јанчев и на регистерот, се одзваа над 500 луѓе – кажа д-р Александар Петличковски од Македонскиот дарителски регистар, по повод акцијата која вчера беше спроведена во Кавадарци.

Станува збор за барање на соодветен донор на коскена срцевина, за лекување на дете на возраст од една година од Кавадарци, бидејќи никој од семејството не бил компатибилен.

Акцијата која ги крена на нозе кавадарчани се одвиваше во просториите на општината, а реките на народ, дојден со цел да помогне да се спаси детскиот живот, уште еднаш покажаа дека Кавадарци е хуман град, каде солидарноста е на завидно ниво.

Како што појасни д-р Пеличковски за регионалните медиуми, податоците од потенцијалните донори ќе бидат складирани во Македонскиот дарителски регистер и во Светската асоцијација на доброволни дарители, за ако некому му затребаат матични клетки или коскена срцевина од точно нивниот тип, ќе можат да спасат нечиј живот.

-Малиот Марко од Кавадарци има потреба од коскена срцевина од соодветен дарител, за да се излекува од имунолошката болест, а шанските да се најде копматибилен дарител се најголеми во регионот каде живее. Обично, соодветен дарител може да биде фамилијата, брат или сестра, бидејќи Марко нема сестри и браќа, се оди понатаму, тетки, чичковци, роднини, се надеваме дека ќе имаме употреблив дарител, комплетно идентичен, ако нема таков, тогаш го избираме најсоодветниот. Кавадарчани се невидено хумани луѓе, порача докторот.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хорор: Мртвиот маж од Кавадарци бил најпрво…

Првичниот наод од обдукцијата врз телото на…

Млад кавадарчанец повреден откако со возило удри…

Дваесет и двегодишен кавадарчанец изутринава изгубил контрола…

Мртво тело со изгореници пронајдено во Кавадарци

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство…

Тешко повреден маж од Кавадарци: Со “Сканија”…

На 28.08.2022 околу 01:30 часот на патот…