Карантин и неколку ковид тестови: Специјален протокол за средба со рускиот претседател Путин

t

Тоа што рускиот претседател Владимир Путин не носи маска на јавните собири не значи дека не се обезбедени мерки за негова заштита, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Постојат, и не е тајна, соодветни мерки на претпазливост околу претседателот, поради коронавирусот. „Луѓето кои стапиле во контакт со него се тестирани повеќе пати, а некои од нив поминале и неколку дена во карантин“, рече Песков, пренесува Танјуг.

Тој додаде дека затоа Путин во одредени ситуации, особено кога станува збор за јавни говори, не носи маска на лицето.

„Меѓутоа, тоа не значи дека сеопфатните безбедносни мерки не се во сила“, заклучи Песков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија нема да бара екстрадиција на оние…

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека…

Шефот на регионот Херсон убеден во позитивни…

Референдумот за присоединување на регионот Херсон кон…

Премиерот не очекува бегалски бран од Русија:…

Премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско…

Следува пресврт на настаните? Русија е подготвена…

Русија останува подготвена да преговара со Украина,…

Бугарија ги повикува нејзините државјани во најскоро…

Во врска со комплицираната ситуација, Министерството за…