Катастрофа: Обединетите Нации објавија – 10 милиони бегалци ја напуштиле Украина од почетокот на воената операција

Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) Филипо Гранди објави дека досега 10 милиони луѓе ги напуштиле своите домови во Украина, како резултат на руската воена операција, што е повеќе од една четвртина од нејзиното население.
-Меѓу одговорностите на оние кои се во војна, насекаде низ светот, е и страдањето на цивилите кои се принудени да ги напуштат своите домови. Војната во Украина е толку разорна што 10 милиони луѓе побегнаа, се раселени во земјата или побегнаа во странство, напиша Гранди на Твитер, објави Би-Би-Си.
Руската воена операција во Украина почна на 24 февруари и оттогаш милиони луѓе побегнаа во соседните земји. Само Полска прими повеќе од два милиони украински бегалци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ништо од поддршката: Германија нема да ѝ…
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека неговата…
Зеленски призна: Ситуацијата е многу тешка
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави синоќа…
“Тешко на Русите”: Украинците тврдат дека уништиле…
Украинската војска денеска преку објава на Фејсбук…
Германската армија е во најлоша состојба досега…
Германската армија е во најлоша состојба досега…
Украина се закани: Нема да учествува на…
Украина се закани со бојкот на Летните…