Киев објави дека украинската војска влегла во Херсон

Војската на Украина денеска влезе во клучниот јужен град Херсон по повлекувањето на руските сили од таму, соопшти украинското Министерство за одбрана.
„Украина ја врати контролата над Херсон, украинските вооружени сили влегоа во градот“, објавија од Министерстрвото на Фејсбук и ги повикаа руските единици што остануваат таму „веднаш да се предадат“.
Украинското МНР денешното повлекување на руската армија на источниот брег на реката Дњепар во Херсонската област окупирана од март го оцени како важна победа.
„Украина во моментов бележи уште една важна победа. Ова е доказ дека што и да каже или направи Русија, Украина ќе победи“, напиша на Твитер украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трагедија: Матурант почина на екскурзија во Прага
Матурант од гимназијата „Мате Балотa“ од Пореч…
Ѓоковиќ повторно е светски рекет број еден!
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ повторно е светски…
Македонија и сè е можно: Платите на…
Еден функционер со својата плата според новата…
“Огнените” го напуштија Централното претседателство на ДУИ:…
Членовите на таканареченета „Огнена група“ најавија дека…
Разговарале Зеленски и Макрон: Се фокусирале на…
Володимир Зеленски имаше едночасовен разговор со неговиот…