Објавено на:

Ким се налути: Вежбите на САД и Јужна Кореја се нуклеарна опасност и ќе има соодветни мерки против ова лудило

t

Северна Кореја денеска ги обвини САД и Јужна Кореја за интензивирање на „нуклеарната уцена“ со заеднички воени вежби и рече дека ќе преземе соодветни мерки против „ова лудило“.

„Нивниот заговор да не уништат воено е уште еден јасен показател дека лудилото на непријателските воени поттикнувачи достигна точка каде што повеќе не може да се занемари“, објави државната агенција KCNA, пренесе „Ројтерс“.

Се додава дека „бесната нуклеарна војна меѓу американските и марионетските воени лидери“ сигурно ќе доведе до соодветни одговори.

Се нагласува дека Северна Кореја ќе продолжи да ги развива своите програми за вооружување и дека „легитимно право на една суверена држава е да има помоќни средства за самоодбрана“ за да се брани од „сериозни ситуации и потенцијални закани“.

Американските и јужнокорејските сили од март оваа година одржуваат интензивни воени вежби, вклучувајќи воздушни и поморски вежби.

Меѓу другото, во вежбите учествуваат американскиот носач на авиони и тешки бомбардери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Белата куќа со коментар за кандидатурата на…

Џон Кирби, координатор за стратешки комуникации во…

САД ставија вето: Засега нема крај на…

Синоќа, САД ставија вето на резолуцијата во…

Бајден откри колку американски војници има во…

Во Европа има неколку десетици илјади американски…

„Ќе ги испратиме вашите синови да се…

Познатиот американски новинар Такер Карлсон на социјалната…

(Видео) ЕКСПЛОЗИИ кај американската амбасада во Багдад!

Околината на американската амбасада во специјално обезбедената…