Објавено на:

Кина до Западот: Русија е моќна земја и не ѝ треба помош од Пекинг

t

Кинеското Министерство за надворешни работи во четвртокот соопшти дека Москва нема ниту има потреба од поддршка од Пекинг за нејзиниот воен напад врз Украина.

„Што се однесува до сугестиите на САД дека Русија има поддршка од Кина да дејствува, верувам дека Русија ќе биде многу несреќна кога ќе слушне таква изјава“ , изјави портпаролката на министерството Хуа Чунјинг за медиумите за време на редовниот брифинг со новинарите.


Хуа рече дека Русија е и независна сила и постојана членка на Советот за безбедност на ОН. Таа тврдеше дека акцијата на Москва е целосно заснована на сопственото проценување и националните интереси.

Таа нагласи дека кинеско-руските односи се засноваат на неврзување, неконфронтација и нетаргетирање на трети страни.

Кина не е заинтересирана и нема намера да го следи менталитетот на Студената војна ниту на пријател ниту на непријател, додаде таа.

Портпаролката додаде дека Кина и Русија треба да ја зајакнат стратешката комуникација и координација и цврсто да го заштитат системот во кој Обединетите нации играат основна координативна улога во меѓународните работи.

Хуа не го нарече рускиот напад како инвазија.

Операцијата доаѓа неколку дена откако Москва ја призна независноста на републиките Доњецк и Луганск во Донбас. Москва тврди дека Киев не ги исполнил обврските од договорите од Минск склучени во 2014 и 2015 година за решавање на конфликтот меѓу сепаратистите и украинската влада.

Говорејќи во вторникот, кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји му рече на американскиот државен секретар Антони Блинкен дека дејствијата на Москва се поврзани со континуираниот неуспех во спроведувањето на патоказот за 2015 година.

Во четвртокот наутро, рускиот претседател Владимир Путин објави дека и наредил на војската на неговата земја да спроведе „специјална операција“ во регионот на Донбас.

Москва погоди повеќе цели во воената инфраструктура низ цела Украина. Руското Министерство за одбрана тврди дека нема закана за цивилите, додека Украина објави дека ги прекинала дипломатските односи со Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Масовниот убиец од Тексас нападот го најавил…

Напаѓачот од Тексас кој усмрти 19 деца…

Најмалку пет цивили загинаа, а 12 се…

Најмалку пет цивили загинаа, а 12 се…

Македонија добива нов амбасадор на САД –…

Македонија добива нова амбасадорка на САД, која…

Ковид амнестија: Во Русија нема да се…

Московските власти ќе престанат да бараат исплата…

(Видео) “Слава на Русија”: Заробени украински војници…

На социјалните мрежи се појави видео од…