Објавено на:

Кинескиот претседател се сретна со делегација американски сенатори

t

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска се сретна со делегација сенатори од САД, предводена од лидерот на демократското мнозинство во Сенатот Чак Шумер, јавија странските агенции.

Во последниве месеци, Кина и Соединетите Американски Држави, кои се спротивставени по низа прашања, го обновија дијалогот преку серија посети на високи американски функционери во Пекинг со цел да се обидат да ги намалат разликите.

Односот меѓу Пекинг и Вашингтон е од клучно значење за иднината на човештвото, нагласи кинескиот претседател.

„Односите меѓу Кина и Соединетите Американски Држави се најважни во светот. Како Кина и САД се согласуваат во еден свет опфатен со немири ќе биде одлучувачко за иднината и судбината на човештвото“, му рекол Си на Шумер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Борисов веројатно нема да биде премиер на…

Бугарскиот политикологот Љубомир Стефанов е на мислење…

Тепачка за паркинг во Аеродром 

Вечерта на новогодишната ноќ, скопјанец бил донесен…

Поплави во Велика Британија – автомобили се…

Делови од Велика Британија вчера беа зафатени…

Галант го напушта Нетанјаху и во Кнесетот

 Поранешниот израелски министер за одбрана, Јоав Галант,…

Тридневна жалост во Црна Гора поради убиството…

Во престрелката во Цетиње вчера загинаа 12…