Објавено на:

Кинеските воени вежби се подготовка за инвазија врз Тајван?

t

Министерот за надворешни работи на Тајван денеска изјавил дека Кина ги користи воените вежби предизвикани од посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, како образец за подготовка за инвазија на Тајван.

Џозеф Ву, кој не понуди временска рамка за можна инвазија, рече дека Тајван нема да биде заплашен без оглед на континуираните воени маневри и кршењето на неофицијалната линија за одвојување во Тајванскиот теснец.

-Кина користи воени вежби за да се подготви за инвазијата на Тајван – рече Ву, истакнувајќи дека Кина не само што спроведува сеопфатни воени вежби и лансира проектили, туку користи и сајбер напади, дезинформации и економски притисок за да го ослаби јавниот морал во Тајван.

По завршувањето на вежбите, продолжи Ву, Кина би можела рутински да продолжи со своите акции за да го наруши статус квото од другата страна на Тајванскиот теснец. Според него, овие потези ја загрозуваат регионалната безбедност и покажуваат дека Кина има геостратешки амбиции кои се протегаат надвор од Тајван.

Официјалниот претставник на Борбената команда во Источната зона на Кинеската народна ослободителна армија (ПЛА), Ши Ји, пак, објасни дека воените вежби дале детален увид во тоа како Пекинг може да изврши напад врз Тајван.

Кинеското Министерство за одбрана соопшти дека војската ги продолжува своите вежби во водите и воздушниот простор околу островот Тајван, главно фокусирајќи се на противподморничка војна и напади од воздух-море.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Захарова: Сакаме да избегнеме нуклеарна војна

Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за…

МВР во акција: Се проверувааа и обложувалници

Во текот на вчерашниот ден (05.10.2022), во…

Чочек се спрема од Требеништа до Охрид:…

Трасата од 57 км досега чини 598…

Ако е како до сега, тешко нас……

Претседателот на Франција, Емануел Макрон на првиот…

Макрон: Состанокот на Европската заедница испраќа порака…

Инаугуративниот состанок на 44-члената Европска политичка заедница…