Кичево е македонски град: За првпат во Дом на култура организирана „Поетска Рацинова вечер“

t

За прв пат годинава во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево, а по повод 79 годишнината од Рациновата смрт, се одржа „Поетска Рацинова вечер“ на која зедоа учество ученици од ОУ „Христо Узунов“ од село Другово, кои беа наградени на литературниот конкурс на тема „Сите сме исти“, кој штотуку заврши.
Покрај учениците од ова училиште, поезија читаа членовите на литературниот клуб „Китка“, а целокупната програма беше збогатена и со инструментални перформанси на гитара на млади и талентирани ученици од градот.

-За прв пат годинава, а по повод патрониот празник на Центарот за култура „Кочо Рацин“ од Кичево, за 79 годишнината од смртта на поетот Коста Солев Рацин беше организирана „Поетска Рацинова вечер“. На оваа вечер покрај литературното читање од страна на членовите на литературниот клуб „Китка“ Оливера Ширгоска, Лидија Аврамоска, Цветан Соколески и други, учество зедоа и ученици од ОУ „Христо Узунов“ село Другово, кои беа наградени на литературниот конкурс на Центарот за култура со работен наслов „Сите сме исти“. Рациновата вечер беше збогатена и со инструментални перформанси на гитара од страна на младите и талентирани ученици Адреа Стојкоски и Наум Стефаноски – истакна Оливера Ширгоска, претседател на литературниот клуб „Китка“ од Кичево.

Таа најави дека Поетската Рацинова вечер ќе стане традиционална и секоја година на Денот на погибијата на Рацин, 13 јуни, ќе се одржува во Центарот за култура кој го носи името на поетот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Деспотовски: Не даваме пари однапред за електричните…

„Со новиот концепт на ТИРЗ воведовме механизми…

Црвен аларм во Кина: Најмногу заразени со…

Во Кина се регистрирани повеќе од 2.400…

(Видео) Трагедија: Автобус со деца од Србија…

Во Бугарија се превртел автобус со деца…

Левица: Власта ќе даде 130 милиони евра…

Камен темелникот за наводната фабрика за електрични…

Човекот кој го уби монструмот во Цетиње…

Ненад Калуѓеровиќ од Цетиње е на распит…