Ковачевски барал директорот на Финансовата полиција веднаш да си поднесе оставка, или ќе биде разрешен

Арафат Муареми ќе биде сменет од функцијата Директор на Финансиската полиција, дознава Инфомакс неофицијално, откако за против него беше поднесена кривична пријава од страна на Државното правобранителствто поради здружување со цел отежнување на конфискацијата на имотот во случајот „Труст“ против комапнијата на Сеад Кочан „Трансмет“.
Според информациите на Инфомакс, Арафат Муареми во телефонски разговор со премиерот Димитар Ковачевски добил барање, веднаш да си поднесе неотповиклива оставка од функцијата директор на Финансовата полиција, во спортивно ако тоа не го направи ќе биде разрешен од страна на Владата која и го именува.
Арафат Муареми инаку, во случајот „Труст“ заедно со обвинителите Артан Ајро и Гаврил Бубевски овозможиле префрлање на имотот на „Трансмет“ на трети лица со цел судот да не може да го конфискува имотот. Она што останало за конфискација е имот на „ТВ Нова“ кој бил обременет со обврски еднакво високи на вредноста на имотот со што Сеад Кочан успеал да избегне конфискација.
Директорот на Финансовата полиција, инаку, беше и близок пријател со Бојан Јовановски-Боки 13, во периодот кога се случуваше рекетот на бизнисмени заедно со Катица Јанева.
Арафат Муареми, неофицијално се занимава и со препродажба на луксузни автомобили.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) 50 полицајци повредени за време на…
Околу 50 полицајци се повредени како последица…
Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…
Економската соработка и интеграцијата на земјите е…
Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос
Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…
Британската министерка за внатрешни работи Браверман ја…
Британската министерка за внатрешни работи Суела Браверман…
Нов резил од премиерот: Бектеши зборува за…
Премиерот Димитар Ковачевски денеска беше прекорен од…