Ковачевски вели: Охридскиот договор гради, сплотува, интегрира и промовира заедништво

t

Премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук напиша дека денеска се навршува 21 година од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

Македонија низ годините покажа дека успешно гради заедничка иднина за сите граѓани подеднакво. Ние сме мултикултурна, мултиетничка функционална демократија, земја на пријателства, соживот и заедништво. Тоа е нашата сила, нашиот темел за развивање на држава со еднакви услови за сите Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други заедници кои оваа земја ја сметаат за свој дом, наведува Ковачевски.

Според премиерот Ковачевски, Охридскиот договор се темели на принципите на инклузивност, тој гради, сплотува, интегрира, промовира заедништво.

Со овие вредности ние денес сме членка на НАТО и земја која ги отпочна преговорите со ЕУ. Нашата земја чекори по еден нов пат и одлучно и сигурно се приклучуваме на европското семејство, обединети во различностите, напиша премиерот Ковачевски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патиштата влажни, се препорачува прилагодена брзина на…

Сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено,…

Шешељ: Ќе договориме пакт со Унгарците и…

Стотици – според некои проценки, илјадници –…

Маск им дава милион долари на гласачите…

Милијардерот Илон Маск подели чекови во вредност…

Трамп воведува царини за сите земји: Тоа…

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави…