Ковачевски во божиќната честитка порача: Да сакаме, почитуваме и простуваме

t

Премиерот Димитар Ковачевски на сите православни верници им го честита големиот христијански празник Божиќ и порача во духот на празникот да се сакаме, да простуваме и почитуваме.

– На сите православни верници им го честитам големиот христијански празник, Божиќ.

Во духот на денешниот празник да се потсетиме на неговата симболика – да сакаме, да почитуваме, да простуваме, да помагаме и да подаваме рака на оние на кои им е потребна помош.Само со добрина во нашите срца и желбата за сплотеност ќе можеме да ги победиме разните искушенија пред кои сме исправени.

Божиќ е празник кој обединува, кој сплотува, кој значи безусловна љубов. Како што празникот сите нè обединува во семејниот дом, така нека нè обедини и во сите други сфери на живеењето. Да се радуваме на денешниот ден, да ја славиме веста за Христовото раѓање, со љубов и топлина во нашите срца. Со добра мисла и добри дела можеме да одиме напред и да создаваме подобро утре за сите нас.

Христос се роди! Честит Божиќ! – напиша Ковачевски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…

Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…

Економската соработка и интеграцијата на земјите е…

Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос

Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…