Ковачевски: Во услови на можни покачувања на цените го штитиме стандардот на граѓаните

Денес Владата донесе одлука за замрзнување на маржата на одредени производи со цел ограничување на растот на цените. Во услови на можни нови покачувања на цените на производите интервенираме и го штитиме стандардот на граѓаните, напиша на својот Фејсбук профил премиерот Димитар Ковачевски.
-Заклучно со 30 септември 2022 година се ограничуваат:За леб бел сечен на парчиња или цел, шеќер бел како и сончогледово масло за јадење, се утврдува трговска маржа во висина до 5% во трговијата на големо и до 5% во трговијата на мало;За брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски ориз бел, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5% и јајца од кокошка за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец се утврдува трговска маржа во висина до 10% во трговијата на големо и до 10% во трговијата на мало.Продолжуваат интензивно и контролите за трговците. Според наодите на инспекторите одредени трговци направиле драстично зголемување на маржите и истите соодветно се санкционираат, напиша Ковачевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ковачевски: Денеска го одбележуваме Денот на Охридското…
Денеска го одбележуваме Денот на Охридското Езеро…
Ковачевски: Финансискиот систем успешно се справи со…
Претседателот на Владата на Република С. Македонија…
Мицкоски до Ковачевски: Достоинството или го имаш,…
Достоинство или го имаш или воопшто го…
Каракамишева: Ако ова не е страшно за…
Целата јавност со горчина ја критикува реакцијата…
Ковачевски: Невработеноста е на историски најниско ниво
„Стапката на невработеност се очекува дополнително да…