Ковачевски, Вучиќ и Рама ќе потпишат Договор за заемно признавање дипломи и научни степени

t

Владата денеска на седница донесе измени и дополнувања на заклучокот од претходната седница во врска со Договорот за соработка за земјите од Западен Балкан во областа на заемно признавање дипломи и научни степени издадени од високообразовни институции и други овластени институции.

Согласно измените на заклучоците, потписник на овој договор, кој ќе биде потпишан на Самитот на Отворен Балкан на 8 јуни во Охрид, ќе биде претседателот на Владата на Македонија Димитар Ковачевски, додека од страна на Република Србија договорот ќе го потпише претседателот Александар Вучиќ, а во име на Република Албанија, премиерот Еди Рама, соопшти владината прес-служба.

На денешната 50-та седница на Владата, која се одржа преку видеоконференциска врска, беше прифатен предлогот до 31 декември 2022 година да се продолжи рокот на Одлуката за постоење кризна состојба на дел од територијата на Република Македонија. Рокот на одлуката се продолжува поради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на државата и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на постоење пандемија од вирусот КОВИД-19 и спречување на негово ширење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Облак од чад над нуклеарката во…

Ројтерс пишува дека генералниот секретар на Обединетите…

(Видео) Му пукнал филмот: Не му давале…

Вистинска драма како од холивудски филм се…

Шредер го тужи парламентот поради одземени привилегии

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер го тужи…

Биле во автомобил, а соседот со пиштол…

На 09.08.2022 во 15.00 часот во Полициска…

Јотова: Ситуацијата со Македонија е комплицирана, секој…

Потпретседателката на Република Бугарија Илијана Јотова им…