Ковачевски договорил се договорил со Петков: Подготвуваме заедничко чествување на Гоце Делчев

t

Димитар Ковачевски е премиер на Македонија една седмица, и четири од тие осум дена ги помина со бугарската Влада. Ова укажува на желба да се заврши работата, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков, кој денеска на барање на партијата ГЕРБ одговара на прашања за средбите со премиерот Ковачевски, објави БГНЕС.

– Министрите кои дојдоа во Бугарија беа во огромен број и постигнавме голем напредок во повеќе области. Потпишавме три меморандуми, кои беа во многу клучни области, вклучувајќи го и Коридорот 8. Тој испадна од листата на европски проекти, ако сакаме да го вклучиме тоа ќе се случи со заедничка работа, рече Петков.

Тој рече дека додека траеле разговорите за економијата и инфраструктурата, двете страни разговарале и за теми кои се важни за Бугарија – правата на Бугарите во РС Македонија и рамковната позиција.

– Ковачевски рече дека не гледа проблем со вклучување на Бугарите во РС Македонија во нивниот Устав. Тој не се обврза со време, изјави Петков.

Според него, има многу декларации од двете страни, но вистинската работа не е завршена.

– Организиравме календар за состаноци на секои седум дена. Ме радува што дури и Историската комисија потврди дека ќе имаат три средби во наредните месеци. Немам намера да менувам ниту еден член на Историската комисија. Мислам дека направивме добра работа овие две недели, рече Петков.

На 4 февруари Бугарија и Македонија подготвуваат заедничко чествување на Гоце Делчев по повод 150-годишнината од неговото раѓање, најави бугарскиот премиер Кирил Петков во Народното собрание.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешка сообраќајка во Србија – едномесечни близнаци…

Во тешка сообраќајна несреќа кај Нови Сад,…

(Фото+видео) Величествен дочек на новата година во…

Жителите на пацифичките држави Самоа и Кирибати…

Имотот на 500-те најбогати луѓе во светот…

Најбогатите луѓе во светот станаа уште побогати…

„Ауди“ се запалило вчера во Ѓорче Петров,…

Автомобил „Ауди“ вчера се запалил при стартување…

Клиниката за ТОАРИЛУЦ апелира за мирно и…

Во пресрет на одбележување на новогодишната ноќ,…