Ковачевски до Столтенберг: Македонија ќе го забрза приемот на Шведска и Финска во НАТО

Премиерот Димитар Ковачевски денеска имал телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во кој го нагласил „единството и одлучниот одговор на Алијансата на неиспровоцираната војна во Украина и едногласноста во поддршката на сувереноста и територијалниот интегритет на Република Украина и на нејзиното неприкосновено право на самоодбрана на нејзините меѓународно признаени граници“.
Од владината прес-служба соопштија дека за време на разговорот премиерот Ковачевски рекол дека Македонија го дава максимално својот придонес во одговорот и политиките на НАТО во однос на ова прашање и останува и понатаму посветена да ја помага Украина во делот на координираните активности со Алијансата, како и во прифаќање на бегалците од оваа земја.
Како израз на силна поддршка на политиката на отворени врати, се додава, премиерот Ковачевски во разговорот со Столтенберг „ја поздравил иницијативата на Шведска и Финска да станат членки на НАТО и додал дека „Северна Македонија ќе ја забрза постапката за одобрување на приемот во членство во Алијансата на овие две земји“.
-Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во разговорот со Ковачевски ја поздрави поддршката на Северна Македонија за итен прием на Шведска и Финска во НАТО, и го потенцираше успехот на воената вежба „Брз одговор 22″ (Swift Response 22), што ја потврди нашата земја како вреден партнер на Алијансата, стои во соопштението од Владата.
Во телефонскиот разговор со Столтенберг, се посочува и дека премиерот Ковачевски ја изрази и неговата и поддршката на Владата на Република Македонија за покажаното лидерство и продолжувањето на мандатот на генералниот секретар во овие исклучително сложени околности предизвикани од воената агресија на Русија на Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…
Техничката влада е дефинирана согласно закон и…
СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…
Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…
Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…
Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…
Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…
Економската соработка и интеграцијата на земјите е…
Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос
Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…